Владата не може, но невладината „Нансен Дијалог Центар“ може. Додека во Македонија се водат остри дебати од кога треба првачињата Албанци да го изучуваат македонскиот јазик и дали треба албанскиот да го учат првачињата Македонци, дилемите во Прељубиште, Тетовско одамна се решени.
Во иста училница учат и албанчиња и македончиња, и тоа на двата јазика, истовремено. Со две наставнички, на двата јазика, со исти униформи и исти можности со проект на невладината Нансен дијалог Центар од Скопје и со финансиска поддршка од Кралството Норвешка, среде Македонија европски модел на образованието.
Во почеток се соочиле со проблеми, но со објаснување се е надминато, вели за А1 раководителот на Проектот Саше Стојковски.
„Најголемата улога во отпочнувањето на проектот ја имаат родителите на учениците албанци и македонци, програмата за двојазично интегрирано образование и обуките на наставниците кои треба да ја имплементираат таа програма. Сите овие компоненти кога ќе се соединат, едноставно даваат одлични резултати“, рече Саше Стојковски, извршен директор на НВО „Нансен Дијалог Центар“.
Зошто не се спроведува владината одлука, Стојковски со одговор, само дел од Стратегијата на Волебек е промовирана, не се работело на терен на запознавање со неа, со еден според него целата работа е избрзана.
„Стратегијата или документот за интегрирано образование беше селективно толкуван од страна на поедини политичари и затоа на некој начин причината за бојкотот е тоа. Мислам дека за да се надмине ситуацијата и да се намалат тензиите, потребно е повлекување на личната одлука на министерот“, вели Стојковски.
Со моделот кој се спроведува во Прелубиште, од кога ќе завршат со редовната настава, учениците од двете заедници се собираат во училницата, седат еден до друг, учат една лекција и на двата јазика. Вака ја учат терминологијата и се дружат, велат наставничките.
„Ниту едно дете, Албанец не го зборуваше македонскиот јазик, сега сите го разбираат, бидејќи ова е втора година што работиме со нив. Било која од нас учителките да им се обрати и на било кој јазик македонски или албански сите ученици разбираат“, рече Линда Јашари, наставничка.
„Да се работи во вакво училиште и на ваков начин е прекрасно и е големо задоволство. Пред да почнат со програмата децата одеа во работилници на кои се подготвуваа да бидат дел од неа“, изјави Елизабета Стаменковска, наставничка.
70 насто од настава која ја спроведува „Нансен Дијалог Центар“ во училиштево во Тетово, е токму од Стратегијата за интегриран образовен систем, која се уште не е усвоена од Бирото за развој на насатавата.
За еден месец, до основно училиште ќе започне изградбата и на првото средно училиште интегриран образовен систем. Дали овој модел на настава ќе биде предизвик за министерот Тодоров, останува да се види.
Наим Вренези