ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ
ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ
Набљудување на судските предмети од областа на корупцијата во Република Македонија
Период на имплементација: февруари 2011 – февруари 2012 година
Основни цели
Проектот за следење на судски предмети од областа на корупцијата се спроведува низ судовите на Република Македонија. Неговата реализација се базира на набљудување на повеќе од 150 коруптивни предмети низ основните судови, врз основа на што се извлекуваат заклучоци за ефикасноста на надлежните органи во борбата против корупцијата, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Уставот и законот, пред судовите во кривичната постапка. Главни цели на проектот се:
- Зајакнување на независноста, ефикасноста и непристрасноста на македонското судство во борбата против корупцијата и организираниот криминал и да се придонесе кон правилно спроведување на судските реформи како што е дефинирано во стратешките документи на земјата за интеграција во ЕУ.
- Да се процени ефикасноста на судството, преку следење на спроведувањето на законските новини донесени во изминатите години.
- Да се процени кривично правниот одговор на борбата против корупцијата и организираниот криминал.
- Да се процени степенот на почитување на стандарди за правично судење.
- Да се зголеми знаењето на стручната јавност во областа на корупцијата и организираниот криминал, особено за новините предвидени со новиот Закон за кривична постапка .
- Да се зголеми довербата на граѓаните во судството и во правниот систем.
Проектни активности
- Спроведување на судска мониторинг програма на 100 до 150 случаи поврзани со кривични дела на корупција и организиран криминал;
- Подготовка и објавување на аналитички извештај (достапен во 500 примероци на македонски, албански и англиски јазик);
- Организирање на 5 работилници со соодветните судски власти кои работат во областа на корупцијата и организираниот криминал (судии, обвинители, адвокати и официјални лица од Министерството за внатрешни работи );
- Оганизирање прес-конференција со цел презентација на постигнатите резултати.
Контакт
Илија Адамчески - Проектен координатор
e-mail: iadamceski@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 3215263
Донатори
- Европска делегација во Република Македонија
- Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија
Набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија
Период на имплементација: јуни 2010 – јануари 2011 година
Основни цели
Главната цел на проектот е преку набљудување на судски предмети и анализа на добиените податоци да се придонесе кон подобра судска ефикасност и исполнување на меѓународните стандарди за фер и правично судење како и да се информира јавноста за казненопоправниот одговор на судството во делот на организираниот криминал и корупцијата.
Проектни активности
- Набљудување на судски предмети во врска со организираниот криминал и корупцијата во РМ
- Организација на дводневна работилница во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители
- Разговори/интервјуа со судиите кривичари
- Изготовка и публикација на аналитички извештај
- Организација на прес конференција со цел презентирање на постигнатите резулатати
Контакт
Славица Димитриевска - Програмски директор
e-mail: sdimitrievska@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 3215263
Донатори
- Амбасада на САД во Република Македонија
- Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија
Проценка на судските реформи и ефикасноста на судското постапување
Период на имплементација: јануари – декември 2010 година
Основни цели
Целта на проектот е да придонесе кон зајакнување на независноста, ефикасноста и објективноста на судството во Република Македонија како и да ја поттикне правилната имплементација на судските реформи дефинирани со стратешките документи за Евроинтеграција на земјата.
Предвидени активности: набљудување на судските постапки, организација на една работилница и изготовка на аналитички извештај. Целната група на проектот се состои од основните судии низ републиката, апелационите судови, обвинителство, Министерство за правда, Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на РМ, Министерство за внатрешни работи, Секретаријатот за ЕУ интеграции како и пошироката јавност.
Проектни резултати
- Проценка на состојбата во судството со компаративна анализа на истото од 2006 година
- Надградба на знаењето на стручната јавност со што ќе се придонесе кон подобро и поуспешно процесуирање на предметите во судските институции
Контакт
Славица Димитриевска - Програмски директор
e-mail: sdimitrievska@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 3215263
Донатори
- Civil Rights Defenders (поранешен Шведски хелсиншки комитет)
Зајакнување на улогата на судството во борбата со организираниот криминал
Период на имплементација: март – декември 2009 година
Основни цели
Ова е проект за јакнење на капацитетите на Коалицијата ‘‘Сите за правично судење‘‘ и се фокусира на имплементација на нашите препораки кои се резултат на повеќегодишниот процес на набљудување на судења за случаи поврзани со организиран криминал воопшто, а особено на трговија со луѓе и корупција.
Потребата за ангажман на Коалицијата во една ваква активност произлегува од препораките од извештајот од 2008 година за мониторинг на судењата од страна на Коалицијата. Извештајот ја потенцира потребата Коалицијата да стане поактивна во придонесот кон тековниот процес на судските реформи во земјата и става дополнителен фокус на препораките од нашите извештаи.
Главната цел на проектот е да придонесе кон зајакнување на улогата на судството со цел соодветно да се третираат правните и институционални потреби во борбата со организираниор криминал.
Проектни активности
- Состаноци со заинтересираните страни: Министерство за правда, Здружение на судии на Македонија, Академија за обука на судии и јавни обвинители, Основните судови, Јавно обвинителство
- Потпишување на Меморандум за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и Меморандум за соработка со со Народниот Правобранител
- Организација на 8 тркалезни маси/работилници со судии и јавни обвинители
- Презентација на правните факултети во земјата
- Организација на 2 прес конференции
Контакт
Славица Димитриевска - Програмски директор
e-mail: sdimitrievska@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 3215263
Донатори
- Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје
Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија
Период на имплементација: јануари – декември 2009 година
Основни цели
Проектот „Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија“ веќе втора година се реализира низ судовите на Република Македонија. Целта на проектот е да ја подигне свеста кај стручната и поширока јавност за судскиот одговор во борбата против корупцијата. Самиот проект е заснован врз податоците добиени од набљудувањето на судските постапки за дела од областа на корупцијата, што овозможува да се дојде до сознанија за почитувањето на стандардите за фер и правично судење при постапувањето на судиите – кривичари по предметите од областа на корупцијата, а воедно и да се направи анализа како македонското судство се бори против корупцијата.
Проектни активности
- Набљудување на судските предмети во врска со корупцијата
- Собирање на информации од набљудувањето
- Подготовка и публикација на аналитички извештај
Контакт
Славица Димитриевска - Програмски директор
e-mail: sdimitrievska@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 3215263
Донатори
- Civil Rights Defenders (поранешен Шведски хелсиншки комитет)
- Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија
Основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија
Период на имплементација: јануари – декември 2008 година
Основни цели
Проектот “Основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија” е резултат на успешната имплементација на подготвителната, пилот фаза на истиот, спроведен од мај до декември 2007 година. Во 2008-та проектот предвидува основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во РМ, дополнето со публикација на аналитички извештај, организација на тркалезна маса како и прес конференција.
Преку основање на мониторинг програма за предметите во врска со корупцијата, Коалицијата “Сите за правично судење” ќе направи проценка колку постоечките закони се имплементираат и колку ефикасна е правната постапка во судството. Програмата ќе биде сведок на промените и подобрувањата во судството на РМ кое се обидува да ги задоволи европските стандарди. Преку аналитичкиот извештај како и препораките кои ќе произлезат од него, Коалицијата ке се обиде да се прикаже како конструктивен партнер на Владата на РМ, кој ќе придонесе во приближувањето на земјата до ЕУ.
Проектни активности
- Мониторинг програма за судските предмети во врска со корупцијата во РМ
- Подготовка и публикација на аналитички извештај
- Организација на тркалезна маса
- Прес конференција
Контакт
Славица Димитриевска - Програмски директор
e-mail: sdimitrievska@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 3215263
Донатори
- Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје
- Шведски Хелсиншки Комитет
- Фондација Институт Отворено Општество Македонија - СОРОС
- Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија
![]() |
||||
Проценка на потребата за развој на програма за набљудување на судските постапки во врска со корупцијата во Република Македонија
Период на имплементација: мај – декември 2007 година
Основни цели
Да се утврди дефиниција за корупцијата која би се користела за потребите на судското набљудување
Да се идентификуваат криминалните активности кои спаѓаат во категоријата на корупцијата
Да се соберат емпириски материјали кои ќе послужат како плодна база за понатамшно набљудување на криминалните случаи поврзани со корупцијата
Да се подигне нивото на свест кај јавноста до ниво на државна определба за гонење на криминалните случаи поврзани со корупцијата
Проектни активности
- Детерминирање на дефиниција за криминални дела поврзани со корупцијата во линија на легислатива и судска пракса
- Идентификација на различни форми на корупција во пракса
- Пробен период на судско набљудување на предмети во врска со корупцијата во РМ
- Подготовка и публикација на работен документ / брошура
- Прес конференција
Контакт
Славица Димитриевска - Проектен координатор
e-mail: sdimitrievska@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 3215263
Донатори
Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје
