Имплементација на меѓународните стандарди за правично судење во домашните судови и проценка за функционирање на судството во Република Македонија

Период на имплементација - јуни 2003 - декември 2004 година

Основни цели

  • зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството
  • идентификување на проблемите во судскиот систем
  • укажување на потребата за правни и институционални реформи
  • зголемување на почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови
  • запознавање на јавноста со стандардите за правично судење


Проектни активности

  • Изработка на прирачник за набљудување на судења (во соработка со експерти на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа и Адвокатската комора на Република Македонија беше изработена работна верзија на прирачникот)
  • Обука за теоретските и практичните аспекти на набљудувањето на судските процеси
  • Набљудување на судските постапки
  • Изработка на периодичен извештај произлезен врз основа на информациите собрани од прашалниците за периодот јули 2003 - јануари 2004 година, како и од податоците од месечните извештаи со локалните координатори и од извештаите од локалните правни експерти.
  • Одржување на тркалезна маса
  • Изработка на завршен извештај кој ги презентира податоците прибрани во набљудувачкиот процес, пооделно за секој меѓународен стандард како во кривична така и во граѓанска постапка. Притоа, направен е компаративен преглед на домашната регулатива и законската регулатива на други земји и одредбите од меѓународните документи. Од резултатите и заклучоците дадени се препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење.
  • Прес конференција

Контакт:

Виолета Велкоска - Проект координатор

тел: +389 2 3215263

Донатори:

  • Одделот за владеење на правото на Мониторинг мисијата на ОБСЕ во Скопје
  • Канадската Агенција за Меѓународен развој (CIDA)
  • Фондација Институт Отворено Општество Македонија
  ОБСЕ ФИООМ