Клуб на родители


 

 

Нашата програма за соработка со родителите

Скопје, мај 2009 година

- В О В Е Д -

Родителите како активни и главни партнери на проектот: Интегрирано двојазично основно училиште "Фридтјоф Нансен" имаат клучна улога во осмислувањето, креирањето и реализирањето на голем број разновидни училишни и воннаставни активности.
Тие се истовремено и во улога на наш непосреден линк со локалната средина поради што се истовремено и во улога на соработници, насочувачи, евалуатори и промотори на проектот и неговите придобивки. Родителите ќе треба да се анимираат и мотивираат за преземање на партнерска улога во креирањето на обележјата на ефективно и креативно основно училиште облагородено со двојазичната компонента како негово квалитативно обележје.

И во текот на оваа учебна година (2009/2010) се предивдени повеќе активности и содржини за родителите, а особено внимание ќе се обрне паралелно да се надминат и стереотипите поврзани со родовите улоги со што директно би се извршило позитивно влијание врз женскиот дел од родителската поплуација и постапно преземање на иницијатива и одговорности во активното следење на севкупниот детски развој од нивна страна.
Дел од планираните содржини ја предвидуваат и соработката и со поширокото семејство што ќе го овозможи спонтаното поврзување и запознавање на семејствата со различни етнички, јазични, верски, културни обележја и вредности, но и врз формирањето на позитивен став и кон проектот.
Со цел развивање и продлабочување, како и зајакнување на меѓусебната доверба на релација: училиште-стручен тим-менаџмент на училиштето-родители се предвидува спроведување на повеќе едукативно-креативни работилници коишто ќе третираат различни теми во непосредна корелација со фазите, стадиумите во психо-моторно-социјалниот развој на децата.
Со ваков пристап кон овие комплексни прашања, ќе се овозможи сензибилизирање на родителите за важноста од внимателно следење на севкупниот детски развој, како и детектирање и ползување на потенцијалите на зоната на актуелниот и идниот развој кај секое дете.
Воедно ќе се посочат повеќе придобивки, но и важноста од индивидуализираниот пристап усогласен со развојните карактеристики кај децата.

Родителите како важни партнери во непреченото спроведување на овој облик на едукација, воедно ќе се поттикнуваат и поддржуваат во волонтерското вклучување во текот на целата учебна година.
Сите наведени обележја на планираната соработка со родителите истовремено ќе помогнат и влијаат врз градењето на ефективно и ефикасно основно училиште - што е заедничка цел на сите инволвирани субјекти.

Глобални цели:

Унапредување на соработката и довербата на родителите кон училиштето и наставничкиот тим;

Промовирање на активна улога на родителите во осмислувањето, изведувањето и евалуирањето како на наставните, така и на воннаставните активности;

Зајакнување на соработничките односи помеѓу родителите со различно етничко, верско, културно потекло;

Продлабочување на животните вештини кај родителите како и формирање на навики кај нив за континуирано самообразование;

Поттикнување на самодовербата кај родителите како и на позитивен однос кон другите членови на групата.

Преглед на месечните теми за едукативните работилници со родителите

МЕСЕЦ ТЕМА
Септември 2009
Социјалните вештини кои го олеснуваат поаѓањето во училиште
- (за родители чиишто деца се запишани во прво одделение)

Соработливо дете
- (за родители чиишто деца се ученици во второ одделение)
Ноември 2009
Развојната мапа на моето дете (психо-социјален-емоционален-моторен развој)
- (за двете групи на родители)
Февруари 2010
Конструктивно решавање на конфликти
- (за двете групи на родители)
Април 2010
Причините за стравот кај децата
- (за двете групи на родители)

Преглед на останатите активности со родителите во текот на учебната 2009/2010

Изборот на активностите е извршен во корелација со предвидените содржини во рамките на етно, еко, уметничка драмска секција, како и според програмските ситуации содржани во Програмата за образование за мир и толеранција (коишто се предвидени за учениците од прво одделение), како и во корелација со планираните воннаставни содржини во второ одделение, а зададени во рамките на: уметничка, драмска, сообраќајна, математичка секција, како и во секцијата: Мали истражувачи).

МЕСЕЦ ТЕМА
Септември 2009
Помош околу уредувањето на училишниот хол, трпезаријата, училниците
- (прво и второ одделение)
Октомври 2009
Заедничка посета на културно-уметничко друштво (фолклорно друштво) во Тетово
- (прво одделение)

Помош во реализација на заедничка посета на Автобуска станица
- (второ одделение)
Ноември 2009
Помош и соработка околу обезбедувањето на материјали потребни за етно-секцијата (ќилим, носии и сл.)
- (прво одделение)

Заедничка посета на здравствена установа, во рамките на секцијата: Мали истражувачи
- (второ одделение)
Декември 2010
Помош и соработка околу организирање на Новогодишната приредба
- (прво и второ одделение)
Февруари 2010
Помош околу обработка на тамата: Накит во рамките на етно-секцијата
- (прво одделение)

Учество во организирањето и реализирањето на посетата на скопскиот аеродром
- (второ одделение)
Март 2010
Заедничко организирање на 8. мартовската приредба за мајките
- (прво и второ одделение)
Април 2010
Помош околу организација на 1.априлското дефиле
- (прво и второ одделение)

Заедничко подготвување околу прославата на Велигденските празници (бојадисување на јајцата и сл.)
- (прво и второ одделение)
Април 2010
Заедничко реализирање на темата: Рецепти на нашите баби (етно-секцијата)
- (прво одделение)

Креативна работилница: подготвка на кукли за завршната куклена претстава
- (второ одделение)
Април 2010
Заедничко организирање на етно и еко изложба, мини-ликовната колонија, како и голема завршна претстава и приредба
- (прво одделение)

Помош околу организирање на сообраќајно катче, научно-истражувачко катче, изложба и завршна куклена претстава
- (второ одделение)