Следни активности

Патување со воз и посета на железничка станица.
Одбележување на 22 Април - ден на планетата Земја.
Соработка со непосредната околина. Посета на кројач.

 

 

Новости

Состанок со родителите

(02.11, 2009) На ден 02 ноември во училиштето се одржа состанок со сите родителии на учениците од прво и второ одделение.
На состанокот беа избрани нови членови на училишниот совет на родители, (дополнување со родители на ученици од новата генерација), беа одредени термини за започнување на курсеви по информатика наменети за родителите (мајки и татковци). Од страна на НДЦ Скопје родителите беа информирани дека во периодот од 1-5 декември за родителите на учениците од прво одделение ќе биде организирана студиската посета на Норвешка.

Тор Хагелсен во официјална посета на училиштето

(29.10, 2009) На 29 октомври училиштето го посети г-дин Тор Халгесен - директор на основното мултиетничко училиште Тојен во Осло, Норвешка.
Халгесен имаше можност да се запознае со годишните планови и програми на училиштето и со практичната имплементација на двојазичноста во наставата.
Со тимот на НДЦ Скопје и вработените во училиштето беа разгледани можностите за идна заедничка соработка односно размена на искуства помеѓу двете училишта.
За време на посетата присуствуваше и г-га Бенте Кнагенхлем, претставник на Менаџментот на Нансен Мрежата во Норвешка.

Реализирана еднодвевна екскурзија

(09.10, 2009) На 09.10.2009 беше организирана и реализирана еднодневна екскурзија во Скопје, по повод одбележувањето на детската недела.
На оваа екскурзија присуствуваа 35 ученици 4 наставнички и 2 претставници од НДЦ Скопје и заеднички ги посетивме скопското кале и игротеката “Тиквичка”.

Целите на оваа екскурзија беа:

- Запознавање со културно-историското богатство во Македонија и знаменитоста на калето во Скопје.
- Почитување на културното богатство на другата етничка заедница, но и негување и почитување на своето културно-историско наследство,
- Воведување на децата во основите на социјално прифатливо однесување на јавни места,
- Промовирање на правото на детето за игра,
- Негување и грижлив однос кон играчките,
- Применување на усвоените знаења за безбедно движење во сообраќајот.
Оваа екскурзија помина во позитивна социо-емоционална клима во групата, висок степен на соработка меѓу учениците, иако ова беше и прво искуство од ваков вид за скоро половина од присутните.

Норвешкиот амбасадор во посета на училиштето

(05.10, 2009) На ден 05 октомври училиштето го посети ново-назначениот амбасадор на Кралството Норвешка н.е. Кјетил Паулсен.
Г-дин Паулсен беше запознаен со проектот кој се реализира во ова училиште кој целосно финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
За време на посетата на училиштето амбасадорот оствари краток состанок со дел од родителите на учениците кои учат во ова училиште. Од страна на родителите беше искажано задоволството од успешната имплементацијата на овој проект и беше потврдена поддршката за продолжување на проектот во иднина.

Започна новата учебна 2009/2010 година

(01.09, 2009) На први септември во Интегрираното двојазично основно училиште “Фридтјоф Нансен” започна првиот училишен час.
На првиот училишен ден во ова училиште покрај тоа што дојдоа минатогодишните првачиња а сегашни второодделенци, на овој ден заѕвоне училишното ѕвонче и за новата генерација на првачиња во ова училиште.
Пред почетокот на часот краток говор одржа директорот на централното училиште Бурхан Ејупи директорот на Нансен мрежата на Балканот проф. Стеинар Брин и извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски.
Второодделенците одржаа кратка приредба за идните првачиња и присутните гости: градоначалникот, претставници на БРО Тетово и родителите на учениците, по што свечено ги повикаа своите другарчиња, првоодделенци заедно да влезат во “Светот на децата” т.е. во училиштето.

Заврши првата генерација ученици во Интегрираното двојазично основно училиште

(15.06, 2009) По повод успешното завршување на учебната година на првата генерација ученици во Интегрираното двојазично основно училиште “Фридтјоф Нансен“, во општина Јегуновце беше организирана средба со родителите за доделување на сведителствата на учениците. Од страна на наставничките, родителите беа информирани за постигнатиот успех и резултати од реализирањето на програмите за формално и неформално образование на двата класа во училиштето. Од страна на родителите беше искажано задоволството што се дел од овој проект и дека се многу задоволни од начинот на кој што функционира училиштето, квалитетот на наставата и видните промени што настанале кај нивните деца. Родителите имаа можност да ја видат завршната приредба која беше резултат на девет месечното работење на наставничките со нивните ученици.

Одбележан 17 Мај - Ден на конститутивноста на Норвешка

(17.05, 2009) На 17 мај 2009 година НДЦ Скопје во соработка со градоначалникот на општина Јегуновце во интегрираното двојазично основно училиште за прв пат го одбележаа 17 мај - денот на Конститутивноста на Кралството Норвешка. На овој настан присуствуваа г-дин Баскар Херман претставник на амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје, г-ѓа Бенте Кнагенхелм претставник на менаџментот на Нансен мрежата, како и голем број родители, локални политичари, настсвници и директори од централните основни училишта во Јегуновце. По тој повод своја изведба имаа култирно уметничкото друштво од основното училиште од с. Жилче како и победничката на детскиот фестивал Ylberi - Шахе Шаќири.

Реализиран еднодневен излет

(09.05, 2009) На ден 09.05.2009 наставничките и учениците во ИДОУ “Фридтјоф Нансен” органиризаа и реализираа еднодневен излет до тетовското Кале.
Целта на овој излет беше: запознавање со културно-историските знаменитости на градот Тетово и неговата околина, негување грижлив однос кон околината како и создавање на пријатна и весела атмосвера и соработка помеѓу учениците и нивните наставнички и на двата наставни јазика.
Еднодневниот излет помина во пријатно расположение исполнето со весел детски џагор, игра и смеа.

Посета на заменик министерката за образование на Р. Македонија

(27.04, 2009) На ден 27 Април интегрираното двојазично училиште “Фридтјоф Нансен“ во општина Јегуновце беше посетено од страна на заменик министерката за образование г-ца Линдита Ќазими. Заменик министерот за образование ги посети двата класа во училиштето и имаше можнст да се запознае со програмите за редовна и неформална едукација за учениците, наставниците и родителите кои се имплементираат во училиштето и начинот на кој се користи двојазичноста во наставата. Исто така заменик министерот беше запознаена со резултатите од евалуацијата која беше направена од страна на советниците на Бирото за развој на образованието во Тетово. Г-ца Ќазими го искажа своето задоволство од она што имаше можност да го види за време на посетата и посака по едно вакво училиште да има во секоја мултиетничка општина во Македонија. За време на посетата на заменик министерот присуствуваше и градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески.

Волонтерска работа на родителите

(26.04, 2009) Од 26.04.2009 год. (недела) родителите на учениците од ИДОУ “Фридтјоф Нансен” волонтерски започнаа да го уредуваат дворот на училиштето односно изградба на паркинг простор за потребите на училиштето. Со овој гест на родителите, училиштето ќе добие паркинг простор од 500 метри квадратни. Во уредувањето на просторот учествуваа 12 родители, вработените и менаџментот на училиштето.

Страна 2 од 3