Во учебната 2008/2009 година при реализација на наставните содржини од поедини наставни теми предвидени во редовната настава учениците со овие изработки ги дозбогатија веќе постоечките катчиња што може да се види од следниот прилог.
Во текот на учебната 2008/2009 година е предвидено континуирано реализирање на воннаставните активности или секции.
Во времетраење од два училишни часа освен што низ игра ги усвојуваат знаењата имаат можност и да ја изразат нивната креативна фантазија, оригиналноста на нивните идеи и желбата за ликовно изразување во двојазично, динамично мотивирачко работно опкружување.